Норвежаните преку ноќ станаа милионери на хартија

Вредноста на норвешкиот државен нафтен фонд, кој е познат како најголем на светот, речиси двојно е зголемена последниве три години, поради што сега сите 5,2 милиони граѓани на Норвешка станаа милионери, макар и на хартија.

Според соопштението на норвешката централна банка, овој инвестициски фонд, кој во сопственост држи акции, обврзници и имот, во минатата година успеал да оствари стапка на раст во висина од 7,6 отсто.

Благодарение на тоа во неговата каса на крајот на минатата година се нашле 6,431 милијарди круни (745,1 милијарди евра), додека кон крајот на 2011. година, вредноста на фондот била 3,312 милијарди круни, пренесе Франс прес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.