Норвежанките се први полуфиналистки на ЕП во ракомет

По второто коло од главната фаза на ракометното ЕП за жени, познат е првиот полуфиналист, а тоа е селекцијата на Норвешка.

Норвешка долго време имаше проблеми со незгодната селекција на Полска, но сепак на крајот победи со 26:24. Нора Мерк со 11 голови е најзаслужна што Норвешка го доби овој натпревар.

Селекцијата на Унгарија не успеа да се пласира во полуфиналето откако загуби од Данска со 20:23.

За вториот полуфиналист ќе одлучуваат Данска и Шпанија во директен дуел во среда. Шпанките доживеаја пораз од Романија со 22:20.

ТАБЕЛА: Норвешка 8, Данска 5, Шпанија 4, Унгарија 4, Романија 3, Полска 0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.