Спорт

Норвежанките се вратија на европскиот престол

Норвежанките се вратија на европскиот престол

Со победата од 28:25 против Шпанија, женската ракометна репрезентација на Норвешка се закити со титулата на Европското првенство кое се одржа во Унгарија и Хрватска.

Иако првото полувреме навестуваше дека Шпанија ќе биде репрезентацијата која ќе се радува, особено по она највисоко водство кое го имаа од пет гола разлика, сепак норвешката репрезентација не дозволи сензацијата на ова првенство, селекцијата на Шпанија да се искачи на престолот.

Во вториот дел “скандинавките” заиграа многу поагресивно и организирано, и предводени од Ригелут, која мечот го заврши со 10 погодоци, направија комплетен пресврт и стигнаа до златниот медал.

Во борбата за третото место Шведска ја совлада репрезентацијата на Црна Гора со 25:23, со што “златните” девојки од последното ЕП останаа без ниту еден медал.