Свет

„Норвиџиан“ воведува задолжително присуство на две лица во пилотската кабина

„Норвиџиан“ воведува задолжително присуство на две лица во пилотската кабина

Норвешката нискотарифна авиокомпанија „Норвиџиан“ во своите процедури ќе воведе постојано присуство на две лица во пилотската кабина на авионите, информира денеска нејзин висок претставник, откако се дозна дека несреќата на германскиот авион „Ербас“ во Франција била намерно предизвикана, објави МИА.

Според шефот на летовите на „Норвиџиан“ Томас Хестхамер, „кога единиот од луѓето во пилотската кабина ќе излезе, во неа секогаш ќе треба да останат уште две лица“.