Овие четири фрази веднаш треба да ги исфрлите од речникот!

Би требало

Колку пати во денот го повторувате ова? И не се чувствувате виновни затоа што го правите тоа. Наместо тоа кажете: Планирам да одам на трчање. Ако денес тоа и не го направите, само ви пропаднал планот, а не „она што би требало“ да го направите, вели Андерсон.

  1. Никогаш

„Никогаш не велете никогаш“ е стара поговорка на која многу пати се присеќаме. Но, зборот „никогаш“ е еден од главните „стопери“ во нашиот личен напредок. Никогаш нема да успеам да изгубам толку килограми… Со таков став веројатно и нема, затоа што од самиот почеток, самите себе си сте се осудиле на пораз, појаснува психологот Кејт Каминс.

  1. Изгубен случај

Ако себе си понекогаш се нарекувате изгубен случај, ќе видите дека негативните нешта навистина ви се редат, поготово една по друга. Моќта на позитивното размислувања е голема и затоа би требало наместо „Јас неможам“ да си ги поставите себе си нештата на следниот начин: „Јас тоа можам и сакам“, вели Каминс. Имајте на ум дека не тежите кон совршенство, затоа што тогаш сигурно ќе се разочарате. Поставувајте си себе си мали цели, а кога ќе ги достигнете, ќе се исполните со самодоверба, доволно за да можете да направите и многу повеќе.

  1. Имам среќа

Има такви што се родени „под среќна ѕвезда“ и оние што биле во „задниот ред“ кога се делела среќата. Сепак, немојте за вашите порази постојано да го обвинувате недостатокот на среќа. За да бидете среќни и задоволни потребно е да вложите и одреден труд. Нема се да ви падне од небо, а ако падне тоа не е засекогаш. Немојте да се потпирате на среќата или несреќата и станете сами кројачи на сопствената судбина. Кога ќе станете свесни дека вие самите влијаете на вашиот живот, а не чекате среќата да ве зграпчи, ќе бидете помалку разочарани и ќе знаете самите да ги држите конците во сопствените раце.