Нов албум на Витни Хјустон во ноември

Нов албум во живо и ДВД на Витни Хјустон ќе излезе на пазарот на 10 ноември оваа година, цели три години од трагичната смрт на американската пејачка, најави нејзиниот продуцент Клајв Дејвис.

– Несомнено таа беше еден од најдобрите вокали во светот, беше единствена, изјави продуценто за станицата Ен-Би-Си, откривајки го датумот на објавувањето на албумот насловен како „Витни Хјустон Живо“.

Имено, станува збор за нејзините најдобри изведби. Таа почина во 48 година од животот во февруари 2012 година. Во очи доделувањето на Греми наградите, кои се најважната награда во музичката индустрија.

Таа беше пронјдена мртва во када во хотел во Лос Анџелес.

По самата обдукција донесен е заклучок дека таа случајно се удавила, од како земала кокаин, иако боледувала од срце.