Нов апарат за невромониторинг на Тораковаскуларна хирургија

Вредноста на апаратот, кој го набави Министерството за здравство, е 2,1 милион денари.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Клиниката каде по средбата со директорот Зоран Спировски и доктор Александра Кониг од Универзитетскиот медицински центар Хамбург-Епендорф, која работи со докторите, специјалистите на Клиниката, рече дека користејќи го апаратот тие ќе изведат 10 интервенции на тироидна жлезда.

Посочи дека овој апарат е од исклучителна помош за хирурзите за време на операцијата со цел да се сведат на минимум сите можни компликации кои се јавуваат при интервенции на тироидната жлезда, како што се повреда на гласните жици, која ако го нема овој апарат е многу честа и потоа треба да се прави втора дополнителна операција на друга Клиника за да се отстранат последиците.

– Со цел избегнување на овие компликации, по сугестија од Клиниката во Хамбург и по барање на нашите специјалисти и на директорот на Клиниката, Министерството го набави овој апарат. Се воведува еден нов пристап на ваков тип интервенции на Клиниката, што е за поздравување, додаде Тодоров.

Директорот на Клиниката…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.