Идната година ќе почне да се гради новиот автопат Кичево-Гостивар

Идната година ќе почне да се гради новиот автопат Кичево-Гостивар. Ова го најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на трибината која ВМРО-ДПМНЕ ја одржа во Струга.

Воедно, на трибината беше посочено дека е планирана реконструкција на повеќе патни правци: Крива Паланка-Македонска Каменица, Скопје-Велес, Прилеп-Градско, Битола-Ресен-Буково-Штип. Исто така ќе се гради и нова автопатска делница од Струга до Требениште од по две ленти и една застанувачка во должина од 8,5 километри.

Инвестирани една милијарда евра во патната инфраструктура

Мисајловски нагласи дека над една милијарда евра се инвестирани во патната инфрастуктура на територија на целата земја, и додаде дека лесно е да се критикува и плука како што тоа го прави СДСМ, но тешко е да се гради.

Министерот за транспорт и врски истакна дека продолжен е рокот за легализација на дивоградби, односно граѓаните ќе имаат дополнителни три месеци да ги легализираат дивоизградените објекти.

Мисајловски истакна дека проектот за шесте типа на куќи за кои се изработени бесплатни проекти со сите фази во изградбата е реализиран како идеја од граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.