Нов бомбашки напад во Ирак, настрадаа 17 лица

Најмалку 17 лица настрадаа денеска во Ирак во двојниот бомбашки напад на просториите на една курдска партија и на зградата на безбедносните служби во градот Џалавла, северно од Багдад, соопшти полицијата.

Во нападот се ранети повеќе од 50 лица. За сега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Автомобилот бомба експлодираше во близина на седиштето на Патриотската унија на Курдистан, партија на ирачкиот претседател Џалал Талабаниј. Подоцна еден бомбаш самоубиец ја активираше експлозивната направа во просториите на таа партија.

Џалавла се наоѓа на северот на Ирак кој Курдите сакаат да се спојат со својата автономна област, на што ирачките власти се противат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.