Нов бран луѓе го напуштаат Косово

Десетина автобуси со патници тргнаа синоќа од Косово кон граничниот премин Мердаре со Србија за да се обидат да најдат егзистенција во држави од Европската унија, објави денеска приштински Зери.

Весникот наведува дека приведувањето на стотици жители на Косово на границата меѓу Србија и Унгарија е запирање стотици други по железнички станици во Будимпешта не спречило многу бројни луѓе од синоќа да заминат во емиграција.

Илегалната еммиграција како што објави весникот, испразни градови во Косово во кои може да се забележи значително намален број жители, додека сопственици на бизнис објекти и занаетчии се жалат дека бизнисот рапидно им е опаднат.

Жителите на Косово седум години по прогласувањето независност губат надеж во економски развој бидејќи се на раб на екстремна сиромаштија, наведува Зери.

Градовите Приштина, Гњилане, Митровица, Вучитрн, Урошевац имаат помал број жители отколку пред два месеца, додава весникот и укажува дека со денови однапред се резервирани места во автобуси кои заминуваат од Косово.