Нов центар за плодност отворен во Скопје

Нов центар за плодност специјализиран за ин витро оплодување и генетика е отворен во земјава.

Во центарот „Њуборн“ со турско – македонско партнерство, покрај лекари од Турција и Албанија ќе има и домашни специјалисти по гинекологија и акушерство. Турскиот менаџмент најави можна соработка со македонскиот Фонд за здравство за поевтини и подостапни гинеколошки услуги.

Очекуваат пациенти од земјава и од странство,  а веќе на 16 септември ја започнуваат првата операција. Инвестицијата чини 1 милион евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.