Нов циклус на скрининг прегледи за превенција од малигни заболувања

Министерствот  за здравство со цел навремено   откривање  и соодветно лекување на малигните заболувања ќе спорведе нов циклус од три години скрининг прегледи за рана детекција на карцином на грло на матка, дебело црево и рака на дојка. Јованка Костовска од Секторот  за превентивна заштита  посочи дека во државава на годишно ниво од карцином на грло на матка заболуваат над 290 жени, а смртност изнесува околу 47 на годиш но ниво.

Сепак како што подвлече Костовска, карциномот на грло на матка е излечива болест и доколку се открие навремено во најраните стадиуми даава одлични прогнози, токму од тие причини апел до граѓаните, особено до лицата кои спаѓаат во ризични групи за било кое од овие заболувања, да се јават кај своите матични доктори за превентивно да ги извршат прегледите. На овој начин, доколку има потреба, навремено ќе реагираат  ќе се излекуваат, а воедно ќе го заштитат и сочуваат своето здравје ,истакна Костовска.

Минатата година кај  80 лица е потврден наод на присуство на полип или рак на дебело црево.  Ризикот  од појава на заболувањето зависи од повеќе фактори како што се: возраста, начинот на исхрана, физичката активност, личните и семејните предиспозици токму затоа, кај лица над 50-годишна возраст се препорачуваат вакви скрининзи. Здравствените власти ги повикуваат  и жените кои имаат 50 години   да направат  мамографскиот птрглед   затоа што е една од најзначајните мерки за рано откривање рак на дојка,  кое е најчестото малигно заболување кај жените.

Почнувајќи од 2012 година, за скрининг за карцином на грло на матка се поканети околу 120.000 жени, а на преглед се јавиле околу 64.000 жени
Податоците покажуваат дека од година во година расте бројот на жени  кои се јавуваат на превентивните прегледи.