вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 22

ФОТО: Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија

Нов 400-киловолтен далуковод во должина од 70 километри кој ги поврзува преносните електросистеми на Македонија и Србија на потегот Штип – Врање денес е пуштен во употреба.

Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија

Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија

Поврзани вести

Нов 400-киловолтен далуковод во должина од 70 километри кој ги поврзува преносните електросистеми на Македонија и Србија на потегот Штип – Врање денес е пуштен во употреба.

Станува збор за инвестиција вредна 11 милиони евра и истата е стратешки проект на МЕПСО-Македонскиот електропреносен систем оператор, која што ќе придонесе за зголемена сигурност на електроенергетсакта мрежа и  зголемена размена на електричната енергија во регионот.

Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија

Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија

На свеченото пуштање во употреба на 400-киловолтниот далекувод од трафостаницата во Штип до трафостаницата во Врање, Србија беа присутни диркторот на МЕПСО Синиша Спасов, извршниот директор  на ЕМС – Србија Бранко Шумања, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Овозможена зголемена размена на електричната енергија

Директорот на МЕПСО Спасов  истакна дека новата врска со соседниот српски електропреносен систем е голем чекор напред, особено затоа што на регионално ниво доминатни се физичките точки на електрична енергија низ Коридорот север-југ.

Вклучувањето на овој далекувод значи зголемена доверливост, подобрена стабилност, поголема можност за размена на електричната енергија меѓу системите, поефикасно оперативно планирање за стручњаците од системот на операторите и поле на размена на електричната енергија низ македонскиот и српскиот систем, рече Спасов.

Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија

Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија

Тој, додаде, дека врвни приоритети на МЕПСО е постојано да се зголемува сигурноста на работата на електроенергетската мрежа и да се зајакнуваат врските со соседните систем-оператори.

Спасов забележа дека преку зголемувањето на интерконективнот преносен капацитет на  македонскиот систем се овозможува и зголемена размена на електричната  енергија, со цел истата да стане подостапна за крајните потрошувачи и да влијае позитивно врз формирањето на цената на електричната енергија преку зголемување на конкурентноста кај продавачите на електрична енергија.

Зошто ја одбравме оваа локација, зошто токму Штип. Оваа електроенергетска постројка е најсилниот доказ и блескав резултат на посветеноста, значењето, челичната волја и решеноста на колективот на МЕПСО. На ова место пред седум години имаше ледина, пасиште. Сега ова е најсветлата точка на нашата преносна мрежа, еден од најважните енергетски јазли во нашиот електропреносен систем. Точка во која македонскиот електропреносен систем директно се поврзува со систем – операторите на Бугарија и на Србија, а индиректно преку Дуброво е поврзан и со електропреносниот систем на Грција. Ова место е гранитниот  темел на кој го поставивме и ја градиме светлата и просперитетна електроенергетска иднина на Република Македонија поврзана со електропреносните системи на соседните држави.  Во овој електроенергетски објект влегуваат два нови далекуводи долги над 140 километри  на македонска територија што не поврзуваат со Бугарија и со Србија кои се изградени од 2007 година до сега, рече Спасов.

Директорот на ЕМС Србија…

Најчитани вести