ФОТО: Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија

Директорот на ЕМС Србија, Шумања истакна дека за енергетичарите нема поголем и поважен мост од интерконективниот далекувод од 400 киловолти како што е овој од Штип до Врање кој всушност ги поврзува преносните системи на Србија и на Македонија.

Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија
Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија

Шумања истакна дека српскиот електропреносен систем имаат вложено вкупно 50 милиони евра преку донации, а дел и од сопствени извори за изградба на овој далекувод  вклучувајќи од Ниш до Лесковац, потоа од Лесковац до Врање и секако од Врање до Штип.

Сакам да истакнам  дека при работата користени се највисоките техничко-технолошки стандарди и се исполнети најстрогите урбанистички еколошки  стандарди кои не биле воопшто мали. Верувам дека сличните бенефиции ги имаат и нашите македонски пријатели. Покрај се, би сакал да напоменам и да истакнам зошто овој проект е значаен во еден поширок контекст и поради што ја добивме поддршката од ЕУ. Првенствено  добивање на еден енергетски мост односно интерконективна врска меѓу преносните системи меѓу двете земји која во секој поглед ги спојува и нашите два народи. Не смееме да го занемариме и значењето на телекомуникациското поврзување по пат на OPGW кабли кои се вградени во нашите далекуводи, рече Шумања.

Владата има вложено 50 милиони евра во изградба на нови електро-енергетски објекти

Вицепремиерот Владимир Пешевски во своето обраќање истакна дека досега Владата има вложено 50 милиони евра во изградба на нови електро-енергетски објекти во модернизација на постоечките објекти на преносната мрежа.

Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија
Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија

Тој истакна дека во изминатите две години се изградени околу 210 километри нови 400 KV далкуводи, а воедно се реконструираа и ревитализираа околу 400 километри 110 KV  далекуводи  постари од 40 години.

Со изградбата на 70 километри интерконектиран далекувод од Штип до Врање, Владата на РМ остварува уште еден проект кој што е ветен во програмата за работа за кои се инвестирани околу 11 милиони евра со поддршка на Светската банка. Реализацијата на овој проект во енергетска, но и во практична смисла е од огромно значење за Република Македонија. Со изградбата на 400 киловолтниот далекувод се овозможува и пристап до регионалните електроенергетски системи и се обезбедува зголемен коридор за пренос на електричната енергија до регионите во Македонија кои се енергетски увозно зависни, рече Пешевски.

Тој истакна дека со изградбата на овој далекувод Република Македонија моментално енергетски е поврзана со четири соседни земји преку пет интерконективни енергетски врски.

Изградба на далекувод што ќе ги поврзе Македонија и Албанија

Пешевски најави дека во следниот период ќе следи уште еден значаен енергетски проект, а тоа е изградбата на 400 киловолтниот далекувод кој ќе ги поврзе Битола  во Република Македонија и Елбасан во Република Албанија. Должината на овој далекувод е проектирана на 95 километри проектот е со вредност од над 40 милиони евра, а воедно ќе се изгради и нова 400/110 KV  трафостаница во Охрид со што со реализацијата на овој проект ќе са подобрат напонските услови во југозападниот дел на Република Македонија и ќе се придонесе за развој на регионалниот пазар на електрична енергија.

Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија
Пуштен во употреба новиот далекувод што ги поврзува Македонија и Србија

На овој начин ќе се комплетира енергетскиот Коридор 8 со што Македонија ќе стане енергетска крстосница на Балканот, рече Пешевски.