Македонија

Нов добитник на Лото 6+1

Нов добитник на Лото 6+1

Во последното издание, 78то коло на Новолото кое се емитуваше на Сител Телевизија во саботата на 27.09.14, уште еднаш внесе многу возбуда кај играчите, посебно кај еден од нив.

Имено ова коло ни донесе нов среќен добитник, овојпат на добивката 6+1 вредна 303.796,00 денари. Нашиот компјутерски систем лоцираше дека уплатата на среќното Новолото ливче е извршена на 26.09.14 во продажното место 600014 Горичко КДН ДООЕЛ. Добитникот уплатил 2 комбинации НОВОЛОТО, се заедно 30 денари. Добивката е постигната во првата комбинација.

Само за потсетување, годинава имавме уште тројца добитници на оваа премија. Во месец февруари, гостиварчанец кој сакаше да остане анонимен, беше добитникот на премијата 6+1, вредна 475.411,50 денари во 14то коло, а во април го иамвме вториот среќен добитник на оваа добивка. Имено 27 коло емитувано на 02.01.14 го донесе добитникот на добивката 6+1 вредна 509.724,50 денари. Третиот добитник го добивме пред еден месец, поточно во 67 коло кое се емитуваше во август. Добитникот од ова коло, своето среќно Новолото ливче го уплатил во Охрид.

Новото 79 коло од НОВОЛОТО веруваме дека повторно ќе донесе многу забава, возбуда и добивки. Уплатата за него е во тек, а самото извлекување ќе може да го следите на Сител телевизија во среда на 01.10.14 од 20 ч.