Нов дрворед на булеварот Никола Карев

Екипи на Град Скопје го исчистија просторот и засадија  вегетација на јавната зелена површина на булеварот Никола Карев, на потегот од касарната Илинден до семафорите кај Момин поток.

Просторот кој  беше дива депонија  и од него беа отранети над 100 кубни метри смет и шут, сега е уреден и на него се засадени вкупно  220 зимзелени садници од видот туи (Juniperus Comunis), односно е формиран дрворед од туи.

За хортикултурно уредување на просторот Градот Скопје од буџетот издвои 329.072,00 денари, а на терен работеа екипи на ЈП „Паркови и зеленило