Со богат ручек и сортни вина СДСМ ќе го мотивира членството

Раководството на СДСМ за Денот на независноста, 8 Септември организира ручек во познатото излетничко место Три Круши во скопската населба Драчево.

-Меѓу членовите на СДСМ се говори дека на понеделничкиот ручек по повод празникот 8-ми септември на месноста Три круши, раководството на партијата ќе го мотивирала членството со богат ручек на чие мени според информациите ќе се нашле ордевери од кулен, шунка и тазе печурки, свежо печено месо, како прасечко, така и јагнешко, пишува порталот „Денешен.мк“.

За сето ова, како што се говори меѓу членовите на СДСМ била ангажирана и професионална кетеринг служба. На богатата софра ќе се нашле и повеќе наливни и по некое сортно вино.

-Покрај богатата гозба, предвиден е и културно-забавен дел, на кој се очекува да настапат познати пејачки ѕвезди од домашната естрада. Раководството на СДСМ очигледно има нова стратегија за мотивирање на членството, не преку проекти и конкретни дела, туку преку обилни и богати ручеци наменети за своето членство и симпатизерите, пишува „Денешен.мк“

.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.