Нов хет – трик на “машината” Роналдо

Во последниот меч од седмото коло на Примера тимот на Реал Мадрид со 5:0 на домашен терен славеше против Атлетик Билбао и се искачи на четвртото место со 15 бодови. Повторно доминираше Кристијано Роналдо кој трет пат во последните четири меча запиша хет-трик.

Баскијците очајно го започнаа првенството, па така по седум меча се наоѓаат во зоната за испаѓање со само четири бодови.

Реал поведе уште во првиот напад кога Кристијано Роналдо ја казни очајната реакција на одбраната на гостите. Вториот гол беше дело на Карим Бензема, кој по корнерот на Лука Модриќ скокна највисоко и го совлада гостинскиот голман.

„Кралевите“ беа подобар тим и во второто полувреме, па лесно стигнаa до 3:0. Повторно проработе комбинацијата Бејл-Роналдо, а Португалецот го постигна вториот негов гол на овој меч. Реал продолжи да со ефикасната игра, а во 69-тата минута Роналдо со неговата прва асистенција во сезоната му овозможи на Карим Бензема уште еднаш да ја погоди противничката мрежа. Во 88-та минута по корнерот и шутот на Пепе, топката дојде до Роналдо кој го запиша својот хет-трик, трет во последните четири меча на Реал Мадрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.