Нов хит во САД: Релаксација со боенки и дрвени боици

Боенките станаа хит меѓу повозрасните Американци, кои бараат начини како да се опуштат или да ја проверат својата креативност со помош на дрвените боици.

Сите оние кои во САД подлегнаа на модата, организираат собири и клубови каде се социјализираат преку цртање со дрвени боици.

Со повеќе од илјада марки, боенките станаа најпопуларна категорија во 2015 година, наведува стручното списание „Паблишер викли“, додавајќи дека во текот на минатата година се промовирани повеќе од две илјади различни боенки, додека во 2014 година можеле да се пронајдат само 300.

За разлика од оние наменети за деца, боенките за возрасни не содржат едноставни слики, туку страници со комплексно црно-бели цртежи инспирирани со растителни, животински и геометриски шаблони.

Само во САД лани се продадени 12 милиони боенки за возрасни, а се очекува во текот на оваа година на пазарите да се појави нова генерација боенки, инспирирани од популарната култура, наспроти традиционалните слики.