Нов инстант лоз: Со 50 денари до автомобилот на годината VW PASSAT.

Нов инстант лоз: Со 50 денари до автомобилот на годината VW PASSAT.
Нов инстант лоз: Со 50 денари до автомобилот на годината VW PASSAT.

Од саботата,  среќните места на Државна лотарија на Македонија нудат можност за добивање на посакуваниот автомобил VW Passat за само 50 денари, со учество во инстант лотаријата под име СРЕЌНИ ТРКАЛА.

Инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА  во фондот на добивки нуди седум автомобили VW Passat и парични добивки до 50.000 денари. Вкупниот фонд на добивки е 30.485.000 денари, а секој трет лоз е добитен. Добивката се дознава со гребење на сликата на автомобилот, под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи.

Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми. Добивка автомобил е остварена доколку во  четири од деветте полињата  се откријат симболи на тркала, по што лозот го носи името СРЕЌНИ ТРКАЛА.

Ова е прв член на семејството на инстант лозови што нуди висока класа на автомобил. Инстантот е подготвен врз основа на истражувањата на пазарот во контакти со играчи на игри на среќа кои за најпосакуван автомобил го посочија токму VW Passat, што се совпаѓа со прогласувањето на VW Passat за автомобил на 2015та.

Во соработка со Мотоцентар, најпрофесионалниот центар за гуми во Македонија, Државна лотарија на Македонија обезбеди подарок за секој добитник на автомобил од инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА.

Подарокот од Мотоцентар се состои од сет зимски гуми за VW Passat, што на добивката и дава додадена вредност.

Играчите на инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА за 50 денари ќе имаат можност да добијат автомобил VW Passat, со сите платени давачки и подарок четири зимски гуми.

1trkalalotarija

Инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА е трет во серијата лозови под ова име. Првата серија нудеше автомобили Голф6, а втората серија автомобили Поло. По успехот на двете претходни серии со автомобили од брендот на Фолксваген, Државна лотарија  на Македонија ја продолжува соработка со ПОРШЕ Македонија за понуда на најбараните актуелни модели на автомобили, кои ја одбележуваат годината.

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија, на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и ефтин начин да добијат возбудлив момент со очекување добивка, да ја пробаат среќата на денот за остварување поголема или помала добивка. Во моментов има седумактивни лозови, со цени од 20 до 50 денари,  кои нудат различни добивки: автомобили, скутери и парични добивки.

Заклучно со најновиот лоз СРЕЌНИ ТРКАЛА, од април, 2010 до денес пласирани се вкупно 17 различни видови инстант продукти од кои се вкупно доделени 85 автомобили, 30 скутери и бројни парични добивки.

Во моменталната понуда на стокови инстант премии, покрај 7те автомобили VW Passat на лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА, има уште два автомобила Голф7 на лозот Седма брзина, 18 автомобили Рено Твинго на инстант лозот Твингоманија и 5 скутери од гамата на Пијаџо на инстант лозот Смајли. Сите овие лозови нудат и парични добивки.

Посебна категорија се паричните лозови кои покрај различните висини на парични добивки нудат премии до 1.000.000денари: Среќни коцки, Детелинка и Експрес лоз Хороскоп.

2trkalalotarija

Државна лотарија на Македонија преку среќните места ширум Македонија, со своите инстант продукти, како и со игрите со извлекување добитни бројчиња од типот НовоЛото 7/34 и електронските игри на среќа Кено и Среќни топчиња, нуди богата лепеза на можности за добивки и забава, за создавање мигови на очекување, радување и уживање во остварените добивки.

Добитниците на премии и помали добивки учеството во игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија го нарекоа: корисна навика за инвестирање на ситните пари.