Нов исламистички напад во Индонезија, убиени четворица напаѓачи

Во напад на бомбаши самоубијци пред полициска станица во индонезискиот град Сурабаја во понеделникот убиени се четвторицата напаѓачи, а ранети се десет лица, меѓу кои четворица полицајци, соопшти локалната полиција, додека истовремено индонезискиот претседател Џоко Видодо побара од парламентот носење построги антитерористички закони.

Нападот се одигра ден откако исламските милинатнти во неделата во самоубиствени напади врз три цркви во овој втор по големина индонезиски град, убија најмалку четиринаесет лица.

„Четворицата напаѓачи на два мотоцикла загинаа“, изјави портпролот на полицијата на Источна Јава, Франс Барунг Мангера.

Додаде дека осумгодишно девојченце, коешто било на еден од мотоциклите, е рането. „Се надеваме дека ќе преживее“, рече Мангера.

Снимките на медиумите прикажуваат двајца полициајци како запираат мотоцикли на кои се најмалку две лица на контролен пункт на влез во полициската станица, пред бомбата да биде детонирана.

Нападот се случи ден откако шестмина бомбаши самоубијци, за кои медиумите објавија дека е семејство кое се вратило од боиштата во Сирија од кои две малолетни ќерки и два сина на тинејџерска возраст нападнаа три цркви во истиот град.

Полицијата, исто така, објави дека во неделата убила осомничен исламски милитант, откако во експлозија во неговиот стан во градот Сиоарјо смртно настрадале неговата сопруга и едно од нивните деца, рече полицискиот портпарол Мангера. Полицајците го застрелале откако упаднале во станот и ги нашле како држи детонатор од бомба.

По најновиот напад претседателот Џоко Видодо во понеделникот го повика индонезискиот парламент да ги одобри измените на антитерористичките закони. По серијата терористички напади во Сурабаја рече дека станува збор за „дело на кукавици“, ветувајќи доплнителни напори за новиот антитерористички закон за борба против мрежата исламистички милитанти во земјата.

„Ги повикав Претставничкиот дом и министрите задолжени за измените закони за тероризам, кој го донесовме во февруари 2016 година, да ја завршат дебатата што е можно поскоро. Тој закон е важна правна заштита полицијата да може да преземе ефикасни акции во спречувањето на терористичките дела“, додаде претседателот.

Предупреди дека во спротивно, доколку парламентот до јуни не ги одобри измените на антитерористичките закони, самиот ќе донесе итна мерка. Министерството за внатешни рабори соопшти дека законот, доколку биде донесен, ќе им дозволи на властите да преземаат превентивни акции за да запрат нападите, без да објасни детали.