Нов кикс на Наполи, Пандев не се ни испоти

Неделни натпревари од 29. коло во италијанската Серија А, поминаа во знакот на минималната, но злато вреда победа која фудбалерите на Фиорентина ја забележаа на тешкото гостување во Неапол.

Иако ја имаа предноста на домашниот терен и подршката на најверните фанови, избраниците на Рафа Бенитез одиграа под очекуваното ново и сосема заслужено се поразени со минимални 1:0.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 87 минута од натпреварот, беше дело на шпанскиот интернационалец Жоакин, а поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев ги одигра последните седум минути од натпреварот.

Идентична победа, но на гостувањето во Катанија, забележа актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, а минимален пораз од 2:1 на домашен терен и одличниот тим на Аталанта, доживеа екипата на Интер.

Убедлив триумф од 5:0, над гостинскиот тим на Верона, забележаа фудбалерите на Сампдорија, а без победник, 1:1, заврши дуелот помеѓу екипите на Парма и Џенова.

Репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими ги одигра само последните десет минути од натпреварот, но неговиот тим доживеа минимален пораз од 1:0 на гостувањето во Болоња.

Резултати : Парма – Џенова 1:1, Болоња – Калјари 1:0, Интер – Аталанта 1:2, Сампдорија – Верона 5:0, Удинезе – Сасуоло 1:0, Наполи – Фиорентина 0:1, Катанија – Јувентус 0:1, Лацио – Милан 1:1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.