Спорт

Ла Лига Нов кикс на Реал Мадрид

Нов кикс на Реал Мадрид

Во саботата во 22-то коло од шпанското фудбалско првенство актуелниот шампион Реал Мадрид направи уште еден кикс, откако на гости против слабиот Левенте одигра 2:2.

Реал поведе во 11 минута, откако Тони Крос изведе корнер а стоперот Серхио Рамос со глава ја погоди противничката мрежа Во 42 минута од полуконтра Емануел Боатенг му донесе израмнување на Леванте. Во 81 минута „кралевите“ повторно дојдоа во водство преку Иско, но тоа не беше доволно да забележат победа бидејќи во 89 минута за домашните стрелец беше Џанпаоло Пацини

Реал Мадрид остана на 4-то место на табелата со 39 бодови, бод помалку од третата Валенсија, а седум од вториот Атлетико Мадрид и дури 18 зад водечката Барселона. Леванте, пак, освои значен бод во борбата за опстанок, 17-ти е со 20 бодови, три повеќе од првото место кое води во понизок ранг на натпреварување.

Во недела во градското дерби Еспањол е условно домаќин на Барселона, а потоа Атлетико Мадрид ја пречекува Валенсија.

Еибар високо со 5:1 ја совлада Севилја. Домашниот поведоа уште во првата минута преку Кике, а потоа стрелци беа Фабијан Орелана во 17 и 61, Рамис во 32 и Анаиц Арбиља во 83 минута, додека за гостите стрелец беше Пабло Сарабија во 21 минута од пенал. Еибар се искачи на седмото место со 32 бода, а Севилја сега му бега само еден бод повеќе на шестото место.

Бетис беше подобар од Виљареал со 2:1, а стрелци беа Лоренцо Морон во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме во 62 минута за домашните, а Карлос Бака во 80 минута намали од пенал. Бетис е деветти со 30 бодови, а Виљареал е на петтата позиција со 37 бодови.

Со истиот резултат Алавес ја совлада Селта Виго, а стрелци беа Алфонсо Педраза во 4 и Мунир ел-Гададо во 18 минута, додека почесниот гол за гостите во првата минута од судиското продолжение го постигна Јаго Аспас. Алавес е на 16-то место со 22 бода, а Селта е осма со 31 бод.