Македонија

Нов коловоз и нови тротоари на крак на улицата Славејко Арсов

Нов коловоз и нови тротоари на крак на улицата Славејко Арсов

Општина Центар изгради коловоз и тротоар на крак на улицата Славејко Арсов. Вредноста на зафатот е 3 милиони денари и тоа се средства од буџетот на општина Центар. Должината на улицата е 100 м, а површината е 800 м2.

Поставен е нов асвалт во 2 слоја и тротоар од бехатон плочки. Направена е и нова линија за осветлување. Оваа улица досега не беше проодна, а сега е воспоставена врска со последната автобуска станица. Изведувач на проектот е Пелагонија АД – Гостивар. Со ова, општина Центар одговори на барањата на жителите од улицата и на една амбасада која се наоѓа на улицата.

Rekonstruiran krak na ul. Slavejko Arsov (3)