Нов конкурс за 2.905 студентски стипендии, износите зголемени за 10 отсто

Првата категорија се стипендии наменети за студенти од социјалните категории, со тоа што предност ќе имаат децата на самохрани родители, децата без родители и студентите со посебни потреби. Износ на стипендиите е 3.300 денари.

Втората група се стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, а кои се запишани на техничките и медицинските науки и на факултетите за уметност. По овој основ се доделуваат 630 стипендии во висина од 4.400 денари месечно.

Во третата категорија се 125 стипендии во износ од 6.050 денари кои се доделуваат за студенти кои студираат на информатичките факултети и постигнале особено висок успех во учењето, најмалку 9,00 просек.

Во четвртата категорија спаѓаат студентите запишани на природно- математичките, техничко- технолошките, биотехничките или медицинските науки, кои постигнале просечен успех. За овие студенти ќе бидат доделени 650 стипендии во висина од 3.300 денари.

Ристовски упати апел до сите заинтересирани студенти да аплицираат за да ги искористат можностите. Рокот за електронска апликација за стипендија е до 27-ми овој месец.