Нов Кориснички енерго центар на ЕВН Македонија во Битола

ЕВН Македонија го отвори новиот Кориснички енерго центар во Битола за корисниците во овој реон. Новиот објект е лоциран во населбата Боримечка на површина од близу 1000 медтри квадратни и е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено.

На свеченото отворање на присутните им се обрати претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер кој рече дека  ЕВН Македонија постојано ги надградува услугите за своите корисници со што овозможи висок стандард во опслужувањето.

Тој додаде дека и покрај модерните електронски услуги, постојат одредени услуги за кои нашите корисници сакаат да се обратат во КЕЦ-от.

Според него, отворањето на новиот Кориснички енерго центар на ЕВН во Битола е дел од стратегијата за постојано унапредување на односите со корисниците.

Во последните седум години, ЕВН Македонија инвестираше близу 5 милиони евра во дистрибутивната мрежа во реонот на Битола. Реконструирани или изградени се нови 50 трафостаници на средно и ниско напонско ниво, како и  мрежа во должина над 190 км.

Од ЕВН Македонија најавија дека ќе продолжат со спроведување на мастер планот во кој значајни средства за нови инвестиции се одвоени за Битола и соседните локални заедници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.