Ќе се проширува Партизанска со нов кружен помеѓу Карпош и Ѓорче Петров

Градот денеска  почна градежни активности  за проширување на булеварот Партизански одреди кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, со изградба на кружен тек кај Порта Влае.

„Денеска почнуваме уште еден сложен градежен зафат кој ќе има позитивни придобивки за развој на овој дел од градот. На местото на постојната крстосница меѓу булеварот Партизански одреди и улиците Ацо Шопов и Ѓорче Петров во наредните денови ќе се формира нов кружен тек со дијаметар од 40 метри, односно коловоз од 9 метри, со заштитна патека од 1,5 метри и средишно зеленило. Кружниот тек ќе се состои од две сообраќајни ленти. По кружниот тек, гледано во насока кон Ѓорче Петров, булеварот Партизански одреди ќе се прошири до влезот во автобазата на ЈСП и ќе добие по три коловозни ленти во секоја насока, средишна жардиниера со ширина од 5 метри, а ќе се формираат и велосипедска патека со ширина од 2 метри и пешачка патека со ширина од 3 метри, покриени со бекатон-плочки. Ќе се обнови коловозот и на делот на булеварот Партизански одреди пред влезот во кружниот тек, како и делови од улиците Ацо Шопов и Ѓорче Петров. Булеварот Партизански одреди ќе се проширува во две фази. Ова е првата фаза од градежните работи – изградба на кружен тек и проширување на булеварот Партизански одреди до влезот во автобазата на ЈСП. Втората фаза ќе следува по експропријација на земјиштето и ќе го поврзе булеварот Партизански одреди со кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“. На проширениот дел од булеварот Партизански одреди и на кружниот тек ќе се постави ново осветлување. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек ќе се изгради атмосферска канализација. Градот Скопје во проектот за проширување на булеварот Партизански одреди кон Ѓорче Петров, со изградба на кружен тек, ќе вложи 50,5 милиони денари – рече градоначалникот Трајановски.

На стартот на градежните активности присуствуваше и премиерот Никола Груевски.

„ Со задоволство сум на границата помеѓу општина Карпош и Ѓорче Петров, каде што градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски започнува еден нов проект вреден приближно еден милион евра во прва фаза, а во втората фаза и уште повеќе. Ќе се направи еден голем кружен тек што значително ќе го олесни сообраќајот, ќе го забрза и ќе го направи побезбеден на задоволство на граѓаните што редовно циркулираат во овој дел. Во втората фаза е замислено правење на 4 ленти на остатокот од булеварот „Партизански одреди“ кој влегува во Ѓорче Петров и тоа градоначалникот го најавува за следната година. Се работи за голем проект ој што градоначалникот на Скопје во соработка со градоначалниците на овие две општини го подготвува подолг период и денеска почнува неговата реализација“, истакна Груевски.

Проширувањето на булеварот Партизански одреди со изградба на кружен тек ќе биде од голема корист за граѓаните што секојдневно ја користат оваа делница, ќе се скрати времето на задржување на семафор и ќе се намалат емисиите на издувни гасови од сообраќајот.

55555gr10

 

666666gr9