Нов лек за пациентите со мултиплекс склероза

Нова надеж за лицата со мултиплекс склероза во Македонија е пристапот до новиот иновативен, биолошки лек окревус (Ocrevus) или оцрелизумаб за лекување активни форми на релапсна мултипла склероза и прв и единствен лек одобрен во светот за третман на лица во рана фаза на примарно прогресивна мултипла склероза. Окревус е лек на фармацевтската компанија „Рош“ кој овозможува значителна супресија на сите маркери за активност на болеста и прогресија на инвалидноста, а воедно има поволен профил на односот помеѓу користа и ризикот за пациентите.

На настанот кој се одржа во четвртокот  во Скопје, фармацетската компанија „Рош“ го промовираше пред стручната јавност новиот лек OCREVUS® (ocrelizumab), наменет за лекување на лицата со активни форми на релапсна лероза и рана фаза на примарно прогресивна мултипла склероза.

На овој настан, стручни предавања одржаа: проф. д-р Томас Бергер, директор на Клиниката за невроимунологија и МС и заменик-претседавач на клиничкиот оддел за неврологија при Медицинскиот Факултет во Инсбрук, Австрија; науч. сор. д-р Иван Барбов, специјалист по неврологија и директор на ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, како и прим. д-р Татјана Бошкова Петковска и д-р Игор Кузмановски, специјалисти по неврологија при Универзитетската клиника за неврологија во Скопје. Настанот го отвори д-р Александра Ивановска, директор на Рош Македонија.

„Претставувањето на лекот во Македонија претставува значаен напредок во лекувањето и почеток на нова ера за пациентите со мултипла склероза во Македонија. Окревус е веќе одобрен во повеќе од 60 земји во светот, а до денес со него се лекувани повеќе од 40 000 пациенти“, рече д-р- Александра Ивановска, директорка на „Рош Македонија“.

Лекот во Македонија е одобрен во април годинава од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), а веќе е почната постапката за набавка на лекот за 13 пациенти.

„Од мултипла склероза во светот боледуваат повеќе од 2.5 милиони луѓе, а во Македонија бројот на лица е поголем од 1 200. Од оваа болест најчесто заболува младата популација, на возраст од 20 до 40 години. Mултиплекс склероза е хронична и инвалидизирачка болест, со трајни последици врз здравјето, мобилноста и инклузијата на пациентите во секојдневните активности и работоспособноста, но и голем товар за нивните семејства и општеството во целина. На Клиниката за неврологија во моментот се лекуваат 409 пациенти, од кои најголемиот дел 372 се на третман со терапија од прва линија (интерферони), a 37 на терапија од втора линија“, рече д-р- Иван Барбов, специјалист по неврологија и директор на Клиниката за неврологија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.