вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 36

„Курир“: Нов мандат, нови луксузни желби на техничкиот министер на СДСМ

По неколку месеци поминати надвор од министерството, изгледа се промени вкусот на сопартиецот на Заев, но не и приоритетите односно желбата за луксузни лимузини со кои би бил виден во партијата, пишува „Курир“.

oliverspasovski-mvr-luksuz-640x376

Поврзани вести

Почетокот на првиот мандат на Оливер Спасовски како технички министер во МВР остана запаметен по тоа што наместо да се посвети на проекти од полза за граѓаните, истиот гледаше да ги избере најлуксузните возила во министерството и да си обезбеди на себе дипломатски пасош.

По неколку месеци поминати надвор од министерството, изгледа се промени вкусот на сопартиецот на Заев, но не и приоритетите односно желбата за луксузни лимузини со кои би бил виден во партијата.

По народната поговорка „Волкот го менува влакното, но не и карактерот“, Спасовски повторно го стартува мандатот со потрага по најдобрите возила во министерството кои би го задоволиле неговиот вкус, но и би биле нешто со кое би се гордеел пред неговите сопартијци.

Овој пат за свое возило избрал Wolksvagen passat CC со силина на мотор од 320 коњи кој е со целосна опрема и има погон на четири тркала.

nova-kola-oliver

Спортското возило со кое сака да се гордее Спасовски, има мотор R 36, ист каков што се вградува во Порше Панамера, а развива брзина и над 250 километри на час.

Станува збор за запленето возило кое Спасовски и соработниците го избрале за себе заедно со уште неколку џипови.

За време на својот прв мандат, во кој не сработи ништо, функционерот од СДСМ, Спасовски, се одлучи за луксузно Ауди, а јавноста беше зачудена од неговата злоупотреба на службената положба кога протекоа информации дека тој заедно со своето обезбедување не плаќа патарини кога е на пат.

zaev-spasovski

Според снимките кои протекоа на Интернет, за разлика од останатите граѓани, вработените на местата за наплата на Спасовски и соработниците им ги креваа рампите.

Најчитани вести