Нов масовен протест на ГДОМ од 19 часот: Народот се крева да ја одбрани државата и мирот

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) за 19 часот најави нов масовен протест против аболицијата на опозицискиот лидер Зоран Заев и екс-разузнавачот Зоран Верушевски. ГДОМ поддржува избори на 5-ти јуни и ставање крај на кризата.

Во изминатите два дена, ГДОМ одржа два масовни мирни и достоинствени протести. Над 20.000 граѓани излегоа на вчерашниот собир, кој започна на просторот пред Олимпискиот базен и заврши пред седиштето на најголемата опозициска партија СДСМ.

Вечерашниот собир ќе започне исто во 19 часот, но овој пат збирно место ќе биде „Мала станица“, за потоа предвидено е толпата народ да се движи повторно кон седиштето на СДСМ.