вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Нов моден тренд што мора да го пробате: Стробинг на косата

strobingggg

Последни вести

Ако конечно завладеавте со уметноста на контурирање и истакнување, сега е вистинско време да пробате еден нов моден предизвик – нијансирање на косата или стробинг (hair strobing).

Веројатно веќе сте слушнале за стробинг, техника на шминкање што е мошне популарна која со помош на светлост ги нагласува природните црти на вашето лице. По углед на шминката, сега е актуелен нов тренд што се однесува на косата – hair strobing.

strobingggg-1

Оваа техника се фокусира на нагласување на одредени делови од косата и тоа со помош на природното светло што паѓа на одредени, избрани делови за тие да добијат посветла нијанса.

Оваа техника е мошне едноставна – се создава контраст помеѓу неколку нијанси од посветли и потемни нијанси од вашата моментална боја. За разлика од балајаж или омбре, овие суптилни бои се состојат од светлечки нијанси, за прамените коса да изгледаат колку е можно поприродно. Освен тоа, во зависност од просветлените делови на косата, тие само можат да помогнат во облукувањето на лицето и нагласувањето на очите и образите.

Најчитани вести