Нов мост за жителите од Рамна

На барање на жителите започна да се реконструира мостот во селоРамна, проект финансиран преку аге Агенцијата за рурален развој. Вредноста на овој проект изнесува околу 4 500 000, 00 денари, а истиот е од големо значење за мештаните.Овој мост беше особено потребен за жителите на Лера и Рамна, бидејќи за своите потреби мораа да заобиколат околу 11 километри за да стигнат до своите ниви, фарми и градини

„Преку агенцијата за рурален развој обезбедени се средства, проектот и целата постапка со тендерската документација е завршена и овие денови започната е интервенцијата. Се работи за една многу убава конструкција, изработена на професионален начин и очекувам за 2 месеци да биде завршен овој мост“ изјави  Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола.

Жителите од ова село задоволни од почнувањето со градбата на мостот.

„Овие средства кои ги даде владата за изградба на мостот  е од големо значење за нас бидејќи нема повеќе да ги користиме заобиколните патишта за да стигнеме до посакуваното место. По диолги дискусии со градоначалникот еве како што гледате ни излезе во пресрет и го слушна нашето барање “, изјави Јордан Кузмановски, жител на  Рамна.

„По неколку пати преговарање успеавме да издејствуваме да започне да се реконструира мостот кој  што е од големо значење за нас“,  изјави Лидија Бесимовска,жител на Рамна.

Во иднина овие села ќе добијат и водоводна мрежа.

„Во понатамошниот период овие села се влезени во програма за изградба на водоводна мрежа, и приуритет останува патот Кажани-Доленци-Лера“,  изјави Ќани Џезаири,претседател на месната заедница во село .Лера.

Според Талески 50 отсто  од патната мрежа кои што ги поврзува овие села била направена, останал уште делот околу Доленци. Се барал изведувач на работите .