Свет

Нов напад во Русија: Откриени пет изрешетани тела

Нов напад во Русија: Откриени пет изрешетани тела

Прогласена е вондредна сосотојба во регионот Стравопољ, откако биле пронајдени пет лешови со прострелни рани, а една експлозивна направа експлодирала во моментот кога полицијата пристигнала на местото на злосторот. За среќа при инцидентот немало ранети, соопштиле од локалниот огранок на Сојузните сигурнусни служби (ФСБ), пренесува „Интерфакс“.

Телата биле пронајдени вчера во четири автомобили, во две различни населби надвор од градот Стравопољ, во близина на северен Кавказ, каде Русија се соочува со исламистички екстремисти кои сакаат да го спречат одржувањето на Зимските олимписки игри во Сочи, на почетокот на февруари.

Започната е истрага за секое убиство посебно, а се’ уште нема податоци за идентитетот на жртвите.

Ова е нов удар за руските организатори по терористичките напади во Волгоград, каде беа убиени 34 лица во декември.

Многу спортисти кои би требало да настапат на олимпијадата изразиле загриженост поради нападите, а рускиот претседател Владимир Путин, порачал дека ќе ги искорени терористите.