Нов обид да се уништи споменикот на Цар Душан

Група од десетина граѓани денеска се собраа во близина на споменикот на цар Душан на Мостот на цивилизациите, со цел повторно да го оштетат споменикот, но единицата за брзо распоредување не им дозволи да се доближат.

Според очевидци, тие вееле албанско знаме, а еден од имал и чекан во рацете.

Споменик на Цар Душан беше оштетен минатиот петок, кога во текот на ноќта насилници го уништиле постаментот и скршиле желзото и крстот.
Демонстрантите за следниот петок најавија нов, голем протест кој ќе почне по попладневната молитва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.