Нов обид за киднапирање дете во Белград

Три девојки минатата недела се обиделе да киднапираат дете од градинка во Белград, притоа лажејќи дека имаат дозвола од мајката на детето да го земат.

– Три девојки влегле во градинката и го барале моето дете. Рекле дека се роднини од Германија и дека имаат моја дозвола да го одведат, вели за Блиц.рс мајката Светлана.

Овој инцидент се случил во четвртокот околу 17:30 часот во градинката во населбата Медаковиќ 2.