Нов објект на Центарот за обука на пилоти

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе биде отворен новиот објект на Центарот за обука на пилоти.

На отворањето, покрај премиерот Никола Груевски, ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери, неговиот заменик Емил Димитриев, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, државниот секретар Сашо Стефаноски, како и други високи претставници на МО и АРМ.