вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 64

Нов оглас за вработување на 600 полицајци

По селекцијата, избраните кандидати за полицајци ќе склучат договор за основна обука, која ќе трае една година, а на неа ќе бидат упатени „за 10 отсто поголем број на кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан огласот“.

policija-8

Последни вести

Министерството за внатрешни работи распишува оглас за вработување на 600 нови полицајци, дознава. Огласот, е објавен во утрешните изданија на дел од дневните весници.
Како што може да се прочита од огласот, станува збор за прием на „600 извршители на работното место полицаец“, за работа во Министерството за внатрешни работи.
Најголем дел од кандидатите, односно 100 од нив, кои ќе ги поминат обуките и ќе бидат примени, според огласот, ќе бидат распоредени во организациските единици со седиште во Скопје, потоа 165 во Регионалните центри за гранични работи Север – Скопје, Југ и Запад, 50 полицајци ќе бидат вработени во Секторите за внатрешни работи во Охрид и Струмица, додека останатите ќе бидат распоредени во безмалку сите полициски станици во Скопје.
Во огласот се наведени условите за пријавување на конкурсот, како и методологијата за селекција на кандидатите.
mvr1
mvr2
mvr
По селекцијата, избраните кандидати за полицајци ќе склучат договор за основна обука, која ќе трае една година, а на неа ќе бидат упатени „за 10 отсто поголем број на кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан огласот“. И лани во јули МВР распиша конкурс за прием на 600 полицајци.
По стапувањето на функцијата техничкиот министер Оливер Спасовски лицемерно пред младите полицајци говореше дека тие се иднината на македонската полиција за потоа да одбие да им ги потпише решенијата поради што тие мораа да штрајкуваат пред МВР.Во мај годинава министерот Митко Чавков, веднаш по повторното преземање на функцијата ги потпиша договорите за вработување на 400 полициски службеници.

Најчитани вести