Македонија

Нов пад на цената на нафтата

Нов пад на цената на нафтата

По вчерашното поскапување, денес нафтата повторно поевтини на светските берзи, јавува МИА.

Ваквиот епилог следува поради стравот на инвеститорите дека по договорот за иранската нуклеарна програма, Иран ќе започне со извоз на нафта што ќе придонесе за дополнително зголемување на и онака рекордно високите глобални резерви на енергенсот.

Американската „лесна“  нафта за терминска испорака во мај на денешните електронски тргувања на Њујоршката берза поевтини за 35 центи на 51,79 долари за барел.

Истовремено,  на Берзата во Лондон цената на северноморскиот „брент“ за испорака во мај се намали за 51 цент на 57,61 долари за барел.

Аналитичарите сметаат дека поевтинувањето на нафата се должи на стравувањето на инвеститорите дека минатонеделниот договор меѓу Иран и меѓународната „шесторка“ за иранската нуклеарна програма ќе резултура со укинување на западните санкции кон Техеран, што ќе и овоможи на земјата да почне со поголем извоз на нафта на глобалниот пазар, што ќе продонесе за раст на понудата на енергенсот.

Иран располага со четврти по големи резерви на нафта во светот, но поради западните санции неговиот извоз на енергенсот од 2,2 милиони барели на ден во 2011, последниве години се сведе на околу 1,3 милиони.