Нов пад на цената на злато

Цената на златото и среброто доживеа нов пад на светските берзи по одлуката на граѓаните на Швајцарија дека Централната банка не треба да ги зголемува резервите на злато, пишува МИА.

Мнозинство гласачи на швајцарскиот референдум го отфрлија предлогот на Централната банка на Швајцарија за зголемување на резервите на злато од 8 на 20 отсто од вкупните резерви.

Предлогот жестоко го критикуваше политичката и економската јавност во Швајцарија, поради фактот дека позитивната одлука значајно ќе ја намали способноста за водење на монетарната политика.

Иако оваа одлука на референдумот не дојде како големо изненадување, повеќето трговци се надеваа на усвојување на предлогот на Централната банка, бидејќи на тој начин би ги намалиле своите загуби на злато.