Македонија

Нов парк спроти Олимписки базен

Нов парк спроти Олимписки базен
Нов парк спроти Олимписки базен

Општина Центар го исчисти и реконструираше зеленилото и направи нов парк меѓу зградите во Градски Ѕид, на булеварот Кочо Рацин, спроти Олимписки базен.

 

Новата зелена оаза е на површина од 4800 м2. Насадени се шест високородни листопадни садници, 1800 зимзелени листопадни грмушки и 3000 парчиња цветен расад, кој ќе се менува сезонски. Поставен е и целосно нов систем за полевање. Засадени се жардинерите и меѓу зградите се поставени декоративни, заштитни зелени ѕидови. Ниското зеленило, кое е поставено на овој потег, има ист ефект за прочистување на воздухот како и високите дрвја.

Наредната недела, општина Центар најави дека ќе ги санира и патеките.