Спорт

Нов пехар за Пандев и Наполи

Нов пехар за Пандев и Наполи

Финалниот натпревар од годинашното издание во Купот на Италија, дуелот помеѓу екипите на Наполи и Фиорентина, заврши со сигурен триумф на “азурите” од 3:1.

Иако ги одигра само последните 20 минути од натпреварот, поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев од сега ќе може да се пофали дека по петти пат го има освоено победничкиот пехар кој е наменет за најдобриот тим во Купот на Италија.

Финалниот натпревар на “Олимпико” стартуваше со 45 минутно задоцнување поради големите нереди кои се случија во центарот на Рим, каде четири лица беа посериозно повредени, а еден фан се уште се бори за живот откако бил застрелан во градите.

Најголем удел во историскиот триумф има крилниот напаѓач на Наполи, Лоренцо Инсиње, кој постигна два погодока, а во судиското продолжение, прекрасен погодок постигна и белгискиот интернационалец Дриес Мертенс.
Единствениот погодок за Фиорентина беше дело на перуанскиот интернационалец Хуан Варгас.