Нов пензионерски клуб во Бутел 1

Новиот пензионерски клуб „Свети Климент Охридски“ ќе биде свечено отворен утре во скопската населба Бутел 1.

Новиот пензионерски клуб има три простории- сала за состаноци и за женскиот пензионерски хор, просторија за средби и дружење, за играње на карти, шах, табла, и една канцеларија,  со вкупна површина од 50 метри квадратни.

На отворањето на пензионерскиот клуб присутни ќе бидат градоначалникот Петре Латиновски, претседателот на  Здружение на пензионери на Република Македонија, Драги Аргировски, како и бројни пензионери од населбата Бутел 1.