Нов пократок пат од Росоман за Неготино

Новореконструираниот пат кој ги поврзува населените места Паликура и Курија во должина од 2.950 метри денес беше пуштен во употреба.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој заедно со градоначалниците на Росоман и Неготино го ставија во функвијаовој пат, истакна дека истиот е значаен за развој на овој регион

-Со овој пат се овозможува скратување на патот помеѓу Росоман и Неготино за 11 километри, но исто така лозарите и земјоделците одеа по многу лош пат, сега тој е модерен пат што ќе придонесе и за развој на земјоделието во овој регион, посочи Јанакиески.

Со изградба на вакви патишта овој дел од државата добива еден нов лик со што се овозможува побезбедно и побрзо патување на граѓаните. Бенефитот го имаат сите граѓани.

-Им овозможивме на земјоделците од двете општини, на лозарите и овоштарите да го користат овој правец и бенефитот да го имаат сите граѓани, нагласи Ванчо Апостолов, градоначаник на општина Неготино.

-Со донесувањето на електричната енергија и со изградбата на овој пат овозможивме поголема атрактивност за сите инвеститори кои сакаат да вложат на ова прекрасно место каде двете општини се спојуваат да може да градат винарии и да бидат поблиску до земјоделците, истакна градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов.

Вкупната инвестиција за изградба на овој пат изнесува околу 350.000 евра. Јанакиески посочи дека во фаза е постапка за избор на компанија за изградба на уште 50 локални патишта на територија на Република Македонија.