Нов пораз на Кливленд, Џејмс мина 30.000 поени

Леброн Џејмс со 33 години и 24 дена стана најмладиот играч кој постигнал 30.000 погодоци во НБА лигата, но и покрај тоа неговите Кливлен Кавалирс во дуелот ноќта кон средата загубија од Сан Антонио Спарс со 102:114.

Во играта на Кливленд Кавалирс повторно се издвојуваше Леброн Џејмс кој постигна 28 кошеви, што го доведе на седмото место од листата кошаркари коишто во кариерата постигнале 30.000 кошови. На оваа листа досега најмлад кој се запиша беше Коби Брајант со 34 години и 104 дена.

Сепак, Кавалирс го доживеаја десеттиот пораз во последните тринаесет натрпевари. Кај Спарс најдобар беше Ламаркус Олдриџ со 30 поени, а Дејунте Мареј додаде 19 кошови ии 10 скокови.

Лос Анџелес Лејкер славеа против најдобрата екипа во Источната конференција, Бостон Селтикс со 108:107. Лејкерс речиси ја испуштија победата, откако не реализираа четири слободни фрлања во последните 20 секунди од дуелот.

До победата ги предводеше Кајл Кузма со 28 кошови, од кои 17 постигна во последната четвртина, а Џордан Калрксон постигна 22 поени за шестата победа во низа на Лејкерс. Кај Бостон, кому ова му е четврти последователн пораз, најефикасен беше Кајли Ирвинг со 33 поени, додека Маркус Смат додаде 22 поени.

Орландо Меџикс се поразен дома со 99:105 од Сакраменто Кингс. Гарет Темпл постигна 19 од своите вкупно 34 поени во последната четвртина за победата на кингс, а Вили Кулеј-Стејн додаде 21 кош и 9 скокови. Ивен Фурение ги предводеше Меџикс со 22 погодоци, а Илфрид Пејтон додаде 21 поен со по 7 асистенции и скокови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.