вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 6

Нов потрес регистриран во скопско

земјотрес

Поврзани вести

Земјотрес со послаб интензитет е регистриран во вторникот во раните попладневни часови на подрачјето на Скопје, според Европскиот медитерански сеизмолошски центар (EMSC).

По потресот викендов од 4,2 степени според Рихтер, кој се случи рано наутро во неделата во 4,8 часот и силно ги вознемири жителите на македонската престолнина, денеска е почувствуван нов потрес со интензитет речиси двојно послаб од претходниот.

Според податоците објавени на страницата на EMSC, земјотресот имал магнитуда од 2 степена по Рихтер, а епицентарот бил на два километра од Илинден, односно 12 километри од Скопје. Жариштето на потресот е на еден километар длабочина.

Како што изминатите денови оценуваа експертите, станува збор најверојатно за афтершокови и смирување на почвата по минатогодишниот силе потрес од 5,3 степени и оти нема простор за паника.

Најчитани вести