Нов потрес со магнитуда 3,5 го погоди Охрид, тектонските движење го актвираа вулканот во Косел (ВИДЕО)

Земјотресот се случи во 10 часот и 27 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.5. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти во вторникот Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Претходно во вторникот Сеиозмолошката опсерваторија регистрираше уште еден во серијата земјотрес во 8,36 часот со Рихтерова локална магнитуда 3,5.

Во охридското епицентрално подрачје изминатата ноќ и изутрината во вторникот регистрирани се десетина послаби земјотреси од кои најсилниот со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Од 18 јуни досега во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше регистриран во понеделникот во 13,18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала.

Локалните жители и медиумите известија дека по серијата земјотреси во понеделникот се активирал вулканот во охридскот село Косел, имајќи предвид дека епицентарот им е на неколку километри од единствениот жив вулкан на Балканот

Поради поместувањето на почвата, во Косел се отворија нови дувала. Тие се видливи веднаш штом ќе се стигне на местото каде што со векови постои познатот дувало. Појавени се шест нови. Четири до старото дувало и уште две на мало ритче.

Според локалното население, во Косел се чувствува позасилен мирис на сулфур и чад од вулканот од вообичаено, а на местото каде што се новите дувала забележани се мртви јазовци.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.