Нов Правопис на македонскиот јазик

Нов Правопис на македонскиот јазик
Нов Правопис на македонскиот јазик
Во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе биде промовиран Правописот на македонскиот јазик.

Станува збор за проект чијшто носител во минатите две и пол години, а потоа и издавач е Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Во изработката на Правописот беа вклучени 48 соработници, пред се универзитетски професори од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Новиот Правопис ја продолжува традицијата на стандарднојазичната норма поставена во далечната 1945 година. Тој е осовременет и освежен со нови примери што ја отсликуваат современата состојба во јазикот.

Проектот целосно е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија, со поддршка на Владата и Министерството за образование и наука.

На промоцијата најавено е обраќање на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, како и на директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елена Јованова-Грујовска, на роректорот за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Влатко Стоилкови  и на директорот на НУБ „Св. Климет Охридски“ Иван Заров.