Нов проект „Купи куќа за млади“ за лица над 36 години

Веќе 100-на семејства ја искористија можноста и ја искористија поддршката, каде државата покрива 80% од ратата со камата во 8 години и 50% следни 3 години.

-Воведуваме нов проект за купување и изградба на куќи за лицата над 36 години, со кој се предвидува 10 годишно субвенционирање на ратите од кредитот или 100 отсто субвенционирање на учеството за кредитот за таа намена, рече Груевски на митингот во Струга.