Нов проект: Земјоделски советници за помош и поддршка на земјоделците

Нов проект: Земјоделски советници за помош и поддршка на земјоделците
Нов проект: Земјоделски советници за помош и поддршка на земјоделците
Имаме еден нов проект, кој еве сега за првпат ќе го споменам, се работи за проект со кој што сакаме да им помогнеме на земјоделците да добијат советници, земјодлески советници е насловот на проектот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето гостување во Дневникот на Канал 5.

Тој нагласи дека тие освен што ќе треба да имаат завршено факултет, ќе треба да полагаат и специјален испит за да добијат лиценца за оваа работа која ќе има одреден рок на трење.

-Да речеме 6-7 години, потоа ќе треба да ја обноват со ново полагање. За да сме сигурни дека ги следат најновите, најсовремени змејоделски практики, ќе треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик за да следат странски медиуми каде што се објавуваат најновите научни истражувања во земјоделието за да можат да ги разгледат и да им ги соопштат, рече Груевски.

Исто така, Груевски нагласи дека советниците ќе имаат обврска да ги посетуваат земјоделците на нива, да ја испитуваат земјата, да им дадат совет за нивниот плод и ќе имаат обврска да напишат што ги советувале, каков совет им дале, и потоа да ги видат резултатите.