Нов протест пред МВР за узурпираната парцела за крстот во Бутел

Нов протест пред МВР за узурпираната парцела за крстот во Бутел
Нов протест пред МВР за узурпираната парцела за крстот во Бутел
Пред Министерството за внатрешни работи денеска повторно ќе се одржи протест на граѓани кои од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе побараат да ја обезбедува изградбата на крстот во општина Бутел.

Тие најавуваат дека ќе протестираат сè додека не им се исполнат барањата, а претходно на протест се собраа во саботата, како и во текот на вчерашниот ден.

Со граѓаните беа и градоначалникот на општината Бутел, Петре Латиновски, и претседателот на општинскиот Совет, Боби Бојчевски.

– Го замолувам техничкиот министер Оливер Спасовски да ја заштити узурпираната територија, да пушти полициско обезбедување на местото каде ќе се гради крстот. Денеска овие луѓе тука, се граѓани на општина Бутел, рече вчера Боби Бојчевски, претседател на Советот на општина Бутел.

Градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, пак, порача дека граѓаните заслужуваат тој да биде заедно со нив.

– Сите гласини дека е одлуката за изградба на крстот поништена не се точни, зошто иницијаторот не се повлекол од иницијативата за изградба, ниту, пак, побара некакви промени. Се надевам дека многу скоро ќе продолжат градежните работи, рече Латиновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.